МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

image

Профилот Медицинска сестра низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини :

  • • да спроведува соодветна нега 
  • • да асистира при лекарски интервенции 
  • • да дава вакцини по налог на лекар 
  • • да мери и регистрира витални знаци 
  • • да зема биолошки материјал за дијагностика да аплицира медикаменти субкутано, интрадермално, интрамускулно по налог 
  • • да врши стерилизација и дезинфекција на инструменти и материјали 
  • • да организира и учестува во здравствена едукација 
  • • да администрира, едвидентира и да документира Практичната настава започнува во втора година.

Практичната настава започнува во втора година. 

За профилот медицинска сестра практичната наства се одвива во училиштето во специјално опремени кабинети од доменот на медицинската техника , но и во здравствени болнички и вонболнички установи. 

Практичните бази кои најчесто се користат се клиниките на Медицинскиот факултет, но и други здравствени институции. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата. 

Можности за вработување Образовниот профил медицинска сестра може да да ги извршува работните задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита (амбуланти, поликлиники, болници,) хуманитарни организации, дијагностички лаборатории, институти, заводи и сл. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.