Медицински лабораториски техничар

image

Медицинскиот  лабораториски техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични  умеења и вештини за:

  • самостојно да зема, да идентификува  и да подготвува биолошки матријал
  • да изработува анализи под надзор
  • да регистрира резултати од анализи
  • да зама капиларна и венска крв за рутински анализи
  • за засејува биолошки материјал
  • да подготвува микробиолошки подлоги
  • да отстранува и уништува заразен материјал
  • да врши стерилизација и дезинфекција
  • да ги познава и одржува основните апарати и инструменти


Практичната настава по стручните предмети започнува во втора година и се одвива во училиштето во  соодветни лаборатории и кабинети,  опремени со неопходните инструменти и апарати, но и во  биохемиските лаборатории на Клиничкиот центар при Медицинскиот факултет, Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет и Микробиолошката лабораторија, во Републичкиот и  Градскиот завод за здравствена заштита и др.

Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на  втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира  во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е  100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците  уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување

Медицинскиот лабораториски техничар извршува работни  задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита во  дијагностички лаборатории, институти, заводи 

Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.