image

 „Знаењето е моќ, а здравјето најголемо богатство“

Местоположбата на училиштето, во центарот на градот, во непосредна близина на повеќе здравствени институции, е од големо значење за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава и на феријалната пракса и соработка. Во непосредна близина на Училиштето работи и Ученичкиот дом за сместување на учениците од внатрешноста на Републиката кои што се школуваат во нашето училиште.

ОПИС НА УЧИЛИШТЕТО

Средното медицинско училиште на Град Скопје одбележува постоење повеќе од седум децении. Поминувајќи низ повеќе фази и етапи, училиштето е едно од најреномираните во Република Македонија. СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ е модерно училиште со современи наставни планови и програми во кое наставата се одвива на два наставни јазика: македонски и албански. Училиштето врши четиригодишна стручна едукација на кадри од областа на здравството преку оспособување за следните образовни профили: медицинска сестра, забен техничар, фармацевтски лабораториски техничар, мeдицински лабораториски техничар, физиотерапевтски техничар и болничар-негувател.

Местоположбата на училиштето, во центарот на градот, во непосредна близина на повеќе здравствени институции, е од големо значење за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава и на феријалната пракса и соработка. Во непосредна близина на Училиштето работи и Ученичкиот дом за сместување на учениците од внатрешноста на Републиката кои што се школуваат во нашето училиште.

Стекнатото искуство низ многу години успешна работа на училиштето, претставува основа за градење на далекусежна визија за продуцирање на квалитетни и перспективни кадри. Во перспектива, со севкупниот потенцијал коj го поседува, нашето училиште се заложува за проширување на понудата на едукативни модули за стручна подготовка за кадри од здравствена струка.

Соработката со  Секторот за образование на Град Скопје има посебно значење во збогатувањето на содржините и активностите на Училиштето.

Осoбено е значајна традиционалната соработка со Здруженија на Медицински сестри и Забни техничари кои активно ги вклучуваат како нашиот кадар, така и учениците во своите секции, конференции, Годишни собранија и Конгреси.

Училиштето по низата награди и признанија, два пати е добитник на престижната

13 Ноемвриска награда на Град Скопје, со што ја потврдува заложбата за постигнување високи резултати во воспитно-образовна дејност.


Водејќи се по максимата „Знаењето е моќ, а здравјето најголемо богатство“, нашето Училиште се стреми кон реализирање на најсовремените стандарди за едукација на учениците и нивен развој во компетентни личности, подготвени да се соочат со предизвиците на новото време и барањата на пазарот на трудот.