Адреса: ул 50 Дивизија бр 2 Скопје
Телефон: 02/ 3-120-187
Факс: 02/ 3-120-326
e-mail:
dsmugspancekaragjozov@yahoo.com
Вести
Годишна програма 2007/08    24-10-2007  
 

Средно Медицинско Училиште на град Скопје

,,Д-р Панче Караѓозов,,

ГОДИШНА ПРОГРАМА

ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

УЧЕБНА 2007/2008 год

Септември, 2007 год.

Врз основа на чл. 29 од Законот за средното образование, Училишниот одбор на Средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов” на Град Скопје на седницата одржана на ден /.08.2007 год. донесе

ГОДИШНА ПРОГРАМА

за воспитно - образовната работа на

Училиштето во учебната 2007/2008 година

I. ПОЈДОВНИ ОСНОВИ

Годишната програма за воспитно-образовна работа на СМУ на град Скопје “Д-р Панче Караѓозов “ - ( во натамошниот текст Училиштето ), е изготвена врз основа на:

- анализата на состојбата и проблемите во остварувањето на воспитно-образовната дејност во минатата учебна година ;

- програмските обврски содржани во наставните планови и програми за средно стручно образование и

- стратешкиот план за развој на Училиштето.

При подготвувањето на Програмата земени се предвид предлозите, мислењата и заклучоците што се усвоени од стручните органи за воспитно-образовната работа на Училиштето која беше реализирана во минатата учебна година, како и согледувањата истаканати во документот за самоевалуација на училиштето ( Проект за модерницација на обреаованието). Имајќи ги предвид поставените приоритети, со програмирањето на воспитно-образовната работа Ќе се настојува да се обезбеди такво организирање и изведување на наставата и другата воспитно-образовна работа од дејноста и другото работење на Училиштето, со што Ќе се придонесе во надминувањето на слабостите и недостатоците пројавени во минатата учебна 2006/2007 година.

При изготвувањето на Програмата за работа на Училиштето , а особено при утврдувањето на конкретните обврски и задачи што се содржани во неа се имаа предвид неколку суштински определби:

- целокупната воспитно-образовна дејност на Училиштето да се сфати во функција за подобрување на успехот по сите наставни предмети;

- да се постигне висок степен на педагошко следење , раководење и насочување на сите подрачја од воспитно-образовната дејност , како и поконкретно педагошко ангажирање на целокупниот восптно-образовен кадар во Училиштето;

- да се посвети посебно внимание на дидактичко-методската подготовка на наставниците за поуспешно реализирање на наставните планови и програми;

- создавање услови за современа кабинетка настава

- стручно оспособување на учениците во кабинети по вежби и практични бази , забни ординации и заботехнички лаборатории;

- подобрување на на училишната клима

- унапредување на соработката со родителите, локалната заедница, локалната самоуправа

- вклучување во проекти за кои ке се процени дека придонесуват кон подобрување на квалитетот на знаењата на учениците како и во проекти преку кои учениците ке можат да ги експонираат индивидуалните способности, таленти и сл.

МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

СМУ на град Скопје ,, Д-р Панче Караѓозов,, врши четиригодишна средно стручна едукација на кадри од областа на здравството , преку оспособување за стекнување на знаења од општообразовни и стручни наставни предмети, како и примена на стекнатите практични умеења и вештини во професионалната работа и натамошното образовение.

МОТО

Scientia est potentia

Valetudo bonum optimum

Знаењето е моќ

Зздравјето е најголемо богатство

ВИЗИЈА

Ако ,, Знаењето е моќ, здравјето најголемо богатство,, , нашето Училиште Ќе се стреми кон реализирање на најсовремени стандарди на едукација на учениците и нивен развој во компетентни личности, подготвени да се соочат со предизвиците на новото време и барањата на пазарот на трудот.

II. ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

Адреса : ул. ,,Водњанска,, ББ

Телефон : 3-120-187 , Факс: 3-120-326 ,

E-mail: pkaragjozov@medpk.edu.mk

Veb strana : http://www.medpk.edu.mk

Традицијата на постоењето и работата на Училиштето започнува во далечната 1931/32 при Хигиенскиот завод , а 1934 е изградена училишната зграда (сегашен објект на ученичкиот дом). Учебната 1945/46 година својата едукативна дејност на македонски јазик ја започнува Училиштето за медицински сестри и негувателки. Подоцна од 1947/48 година се отвораат и Училиштето за помоШници аптекари, Санитарното училиште и Училиштето за дентисти.

Во учебната 1972/73 година се извршува интеграција на тие училишта во една единствена образовна институција - Медицински училишен центар ,, Д-р Панче Краѓозов,, . Материјалниот услов за работење на една ваква сложена организиација е создаден со градењето на нова модерна зграда во непосредна близина на комплексот клинички објекти на Државната болница.

Во текот на своето постоење Училиштето е носител на бројни плакети, признанија, дипломи за освоени врвни места и учество на литературни настани, натревари, спортски манифестации и др. Позначјни признанија се:

- Собранието на Град Скопје додели плакета за заслуги на Училиштето на медицински сестри и училиштето за забари во 1966 година

- Собранието на Град Скопје ја додели наградата ,, 13 Ноември,, -1980 година

- Јавно признание за најдобар воспитно -образовен центар на Симпозиумот на медицински сестри во 1984 година

- Благодарници од Собранието на Црвениот крст на Македонија за унапредување и омасовување на крводарителството .

- Признанија од повеќе меѓународни инстистуции (USAID, Euro-Clio и др.) за успешна соработка во повеќе проекти

- Благодарници од повеЌе здравствени институции за унапредување на дејноста

III. ЦЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО

СМУ ,,Д-р Панче КараЃозов,, на град Скопје е училиште со шеесет годишна традиција на едукација на средно медицински кадри во Републикава.

Според програмските основи општата цел на училиштето е да им овозможи на учениците оптимален индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики, развој на чувство на одговорност, свест за припадност на Република Македонија, почитување на граѓанските права и обврски, толерантност, меѓусебно разбирање, почитување на основните слободи, правата на човекот и живеење во заедница, подготвеност за иницијативност и креативност, за брзо и соодветно реагирање на промените, негување на правилен физички развој и одговорност за сопственото здравје.

OP{TA CEL NA OBRAZOVNO VOSPITNATA DEJNOST NA U^ILI{TETO


DA ШKOLUVA KVALITETNI I OSTRU^ENI KADRI OD OBLASTA NA ZDRAVSTVOTO


PREKU

STEKNUVAWE NA OPШTO OBRAZOVNI I STRU^NI TEORETSKI ZNAEWA

RAZVIVAWE NA INTELEKTUALNITE I DRUGI VREDNOSTI NA LI^NOSTA NA U^ENIKOT

OSPOSOBUVAWE ZA PRIMENA NA STEKNATITE ZNAEWA, UMEEWA I VEШTINI VO PROFESIONALNATA RABOTA I PONATAMOШNOTO OBRAZOVANIE

OBRAZOVNA

VOSPITNA

FUNKCIONALNA


TRI INTEGRALNI DIDAKTI^KI KOMPONENTI NA OPШTATA CEL

Како средиШни цели за струката се стекнување на следните знаења и умеења:

- да ја организира и планира сопствената работа во соодветната здравствена и хуманитарна организација;

- да администрира и регистрира при вршењето на сопствените задачи;

- да користи медицински софтвер;

- да тријажира соодветно на карактерот на здравствената состојба на пациентот;

- да истражува и едуцира во рамките на унапредувањето и заштитата на здравјето;

- да ја подготвува , одржува и контролира исправноста на инструментите и материјалите за работа;

- да се грижи и одржува чиста и безбедна работна средина и користи соодветни заштитни средства при работата;

- да применува соодветна нега ;

- да подготвува и аплицира терапија по налог и надзор на претпоставнените;

- да зема, подготвува и анализира биолошки материјал;

- да издава, подготвува, чува и складира лекови, лековити супстанци, чаеви, дроги, лековити и ароматични билки, санитетски материјал и др.;

- да изработува фиксни и мобилни дентални протетички конструкции;

- да гипочитува и спроведува етичките норми во работата;

- да ја почитува хијарархијата и да има професионален однос кон соработниците и пациентите;

- да се вклучи непречено во работниот процес

3.1 Стручни квалификации и развој на училиштето

Ова училиште е, првенствено, стручно , па на стручната подготовка и обученост на учениците мора да се обрне посебно внимание. Притоа би требало да се запазат одредени критериуми:

· Поголема практичност и нагледност во наставата, за што перманентно се прават напори за опремување на лабораториите и кабинетите со најсовремена опрема со која тие во иднина на работното место Ќе се среЌаваат и со која Ќе оперираат.

· Максимална соработка со здравствените институции (болници, здравствени домови) . Во областа на организирање на практичната настава, од здравсвените организации Ќе се бара да достават листа на манипулации и техники кои се употребуваат на тие институции и кои се потребни при секојдневната работа на профилите кои ние ги Школуваме. Се разбира таа листа постојано Ќе се ревидира согласно потребите на работата на горенаведените институции. Во областа на изведувањето, институциите Ќе обезбедат максимален пристап до опремата како и практична поддрШка при увежбување на потребните мануелни техники.

· Современост во наставата. Професионалната теорија и праксата мора да го следат што е можно подобро брзиот развој на науката и техниката (посебно во медицинските т.е. здравствените гранки) .

Во реализацијата на воспитно - образовниот процес сите наставни предмети се стручно застапени - наставниот кадар квалитетно ја реализира програмски планираната дејност , применувајќи современи форми и методи, со цел наставната материја што повеЌе да се прилагоди на психофизичките можности на учениците. За резултатите од целосниот професионален ангажман сведочи високиот квалитет на знаењата на нашите ученици , што истовремено претставува обврска со несмален интензитет да продолжи тенденцијата за зацврстување на позицијата на училилиштето меѓу најдобрите. Имајќи ја актуелноста како императив , во услови на секојдневни промени кои постепено но сигурно навлегуваат во сите пори на современото живеење, произлегува и ориентацијата на училиштето за нагласување на приоритетните активности кои како стратегија би се реализирале за натамошна афирмација.

3.2. Излезни образовни профили

НаШето училиШте образува профили од здравстрвена струка.

Основна цел на наставата е кај идните здравствени работници да се формираат и развиваат особини со кои ќе се извршуаваат најважните задачи од доменот на струката.

Образовни профили се :

Образовен профил: Медицинска сестра

Медицинската сестра низ четиригодишно образование стекнува теоретски знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични

умеења и вештини за:

- општа и специјална нега на болни, грижа за болни и изнемоштени лица според нивните телесни, психички и социјални потреби

- примена на медицинска техника и ракување со апаратите, инструментите и материјалите за работа

- правилна и брза тријажа на пациентите и давање прва помош

- грижа за правилна исхрана кај здрава популација и диетална кај болните

- да открива објективни и субјективни појави што неповолно влијаат на здравјето

-соработка со болниот и членовите на тимот

-соработка со членовите на семејството на болниот

- усвојување на етичките принципи на позивот

Образовен профил: забен техничар

Забниот техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општообразовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за:

- изработка на фиксни протези, забни коронки,мостови , леани надоградби и инлеи

- изработка на мобилни забни протези-тотални и парцијални забни протези (класични и скелетирани)

- репаратури на забни коронки, мостови, парцијални и тотални забни протези

- одржување на апаратите и инструментите во заботехничка лабораторија

Образовен профил: фармацевтски лаботаториски техничар

Фармацевтскиот техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практичниумеења и вештини за:

-ракување со лабораторискиот прибор и апарати

- примена на основни аналитички методи во лабораториското работење

- добивање, чување и примена на лековити супстанци и лекови

- идентификација и определување на чистотата и другите поважни карактеристики на лековитите супстанции

- изработка на магистрални, галенски лекови и козметички препарати

- работа во индустриско производство на лекови

- работа во веледрогерии

- работа во галенски лаборатории

- работа во аптеки

Образовен профил: медицински лабораториски техничар

Медицинскиот лаборант-техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за:

- земање и учество во земање на крвни и други биолошки матерјали

- евидентирање и сортирање на биолошкиот матерјал по видови на барани испитувања

- изработување на комплетни рутински биохемиски анализи на биолошкиот матерјал

- изработување на комплетни рутински хематолошки анализи

- изработување на комплетни рутински микробиолошки и паразитолошки анализи на биолошкиот матерјал

- вршење на разни аналитички постапки на подготвуваниот матерјал

- подготвување и грижа за хемиски и биолошки чист лабораториски прибор и стерилизација

- грижа за навремено обезбедување со потребни хемикалии, реагенси и друг потребен матерјал за работа

- усвојување на општи правила за воспоставување на биолошка сигурност

- изградување и негување на чувство на одговорност кон работата

Образовен профил: физиотеравпетски техничар

Физиотеравпетскиот техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општообразовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за:

- примена на сите видови терапија (термо, електро, механо, кинези и др.) во рехабилитацијата

- ракување, грижа и одржување на апаратите, инструментите и матерјалите со кои работи

-работа со инвалидизирани лица

-работа со семејства на инвадилизирани лица

- спроведување на мерки за заштита и унапредување на човековото здравје

- усвојување на етичките принципи важни за профилот

IV. МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Образовните профили од здравствена струка можат да се вработат и да ги извршуваат работните задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, хуманитарни организации, дијагностички лаборатории, институти, заводи (единици), галенски лаборатории, аптеки, веледрогерии, фармацевтска индустрија и институти и заботехнички лаборатории.

Завршените ученици можат да се вработат во сите организации кои врШат здравствена дејност во земјата .

V. ОБРАЗОВЕН ВЛЕЗ

5.1. Профили на ученици кои се запишуваат во здравствената струка

Во здравствената струка се запишуваат ученици со завршено основно образование

5.2. Критериуми за посебен прием во здравствена струка

Во здравствената струка се запишуваат ученици чиј интерес е насочен кон грижата за чување и унапредување на здравјето во неговата најширока димензија, како на поединецот, така и во рамките на една заедница и поШироко. Имено, за оваа струка се определуваат ученици кои сакаат да учествуваат во работата на промовирањето и одржувањето на доброто здравје, превенцијата од болести и нудењето на нега при заболувања и рехабилитација.

Дополнителни услови за упис во прва година Ќе ги определи ресорното Министерство и локалната самоуправа - градот Скопје, согласно Законот за задолжително средно образование.

5.3. Вонредни ученици

Од учебната 1999/2000 во училиштето се овозможува упис на вонредни ученици , според наставните планови и програми за образовните профили од здравствена струка.

VI . ПРООДНОСТ

6.1. Хоризонтална проодност

Учениците од прва година кои посетуваат настава по Програмата за реформа на средното стручно образование се запишуваат во образовен профил со заеднички наставен план и програми, односно во почетокот на втора година постои можност да се запишат во друг образовен профил од оваа струка доколку за тоа има можности во училиштето, според утврдени критериуми ( успех, редовност).

6.2. Vertikalna proodnost

Со здобивање на диплома од определен профил од здравствената струка учениците можат да го продолжат школувањето на сите факултети и виши школи на кои се полагаат приемни испити од општите предмети во функција на струката (знења кои ги стекнале во текот на школувањето ), а на останатите факултети и виши школи со полагање приемни испити од предмети утврдени со конкурсот на тие факултети, но со дополнително стекнати знаења.

Учениците ја следат наставата по Програмата за реформа на ССОО со што имаат можност во трета година преку изборот на предмети да се определат или за завршен испит - кој овозможува непосредно вработување или за матурски испит - кој овозможува непосредно продолжување на школувањето. Доколку по завршувањето на школувањето ученикот донесе решение кое се разликува од претходниот избор, во функција на новата одлука ќе мора да ги задоволи дополнителните барања за да го заокружи школувањето.

Со реформата на средното стручно образование се предвидува и воведување на т.н. постсредно образование во функција на флексибилна дообука на кадрите во зависност од потребите на работодавачот.

Во текот на учебната 2006/2007 год. потпишан е Меморандум за соработка помеѓу нашето училиште и Високите Школи за медицински сестри во Републиката, а во текот на оваа учебна година Ќе се потпише Меморандум и со Високите Школи за останатите профили .

VII. УСЛОВИ

7.1. Наставен и друг кадар

Квалификациите на наставниот кадар и одредените општи барања се предвидени со Законот за средно образование, односно лица кои завршиле соодветно високо образование и се здобиле со педагошка, психолошка и методско-дидактичка подготовка на соодветните факултети и имаат положено стручен испит.

Наставата во стручното образование ја реализираат наставници со заврШени студии по: медицина, стоматологија, фармација.

Практичната настава ја реализираат покрај гореспомнатите и лица со завршено вишо и високо образование.

Во паралелките со настава на албански јазик, за пооделни наставни предмети (заради немање на кадар) наставата ја изведуваат наставници со несоодветно образование.

Бројот на вработени кои го реализираат воспитно-образовниот процес и програмски планираната дејност во нашето училиште, го сочинуваат : директор, помошник директор, раководители на смени, раководители на отсеци, психолог, педагог, постојано вработени наставници по општо образовни предмети, наставници по стручните прадмети - лекари , стоматолози, фармацевти, стручни наставници, библиотекар и наставнички персонал вработен за определено време. Со високо образование се 102 редовно вработени наставници, од кои 2 магистри и 7 лекари-специјалисти, со вишо образование се 4 стручни наставници, а со средно се 10 стручни наставници.

7.2. Училишен простор и опрема

Вкупната корисна површина на училиштето изнесува 7.078 м 2. Во периодот од јуни 2006 до август 2007 година Управата под раководство на директорот успеа да изврши комплатна санација на училишниот објект. При тоа приоритет беШе кровот на зградата , како и дезинфекција и варосување на целиот училишен простор (училници, холови и ходници), како и влезот на училишната зграда. Исто така се изврши и ras~istuvawe i sreduvawe na u~ili{niot dvor i sanacija i farbawe na ogradata, a postaveni se i reflektori so vgradeni senzori za dvi`ewe i monitoring sistem so kameri, zaradi pogolema bezbednost .

Vo ovoj period izvr{ena e adaptacija na nova nastavni~ka kancelarija so 36 kompjuterski biroa i 36 kancelariski stolici (starata sve~ena sala se koristi za prezentacii,soveti,sve~enosti) , kako i nova kancelarija za rakovoditelite na smena. Во текот на летниот период беше адаптиран простор кој Ќе се користи како кабинет за профилот Физиотерапевти, а дел од амфитеатралните кабинети беа реновирани и обновени со нов школски инвентар, кој беШе дополнет и со школски мебел во останатите училиници со средства од Грантот на Светска банка, со што новата учебна година стратува со обновен учишен мебел за 40 % . Средства од Грантот на Светска банка во рамки на Проектот за модернизација на образовението се наменија и за преадаптирање и на неискористен училишен простор со што се добија : просторија за Кариерен центар, влезна просторија за салата за состаноци и една канцеларија за наставници од кариерниот центар. Салата за состаноци комлетно ќе се опреми со современа опрема за аудио-видео презентации со што ќе значително ќе се унапреди воспитно-образовниот процес.

Теоретскиот дел од наставата се изведува во училиниците и кабинетите за општообразовни и општо стручни предмети. По опременост се издвојуваат : кабинетите по информатика и мултимедијалниот кабинет по анатомија.

Во училиШтето има лаборатории за теоретска и практична настава за тесно стручните предмети : кабинети за нега на болен, кабинет за фармакогнозија и ботаника, аптека од затворен тип, галенска лабораторија, лаборатории со дигестори, лабораторија за микробиологија и паразитологија, биохемиска лабораторија, хематолоШка лабораторија и 2 лаборатории за забна техника.

Се вкупно, училиштето располага со следните простории:

- 13 училници

- 4 мали училници кои не го исполнуваат нормативот за училница, а кои можат да се користат само за работа во групи

- 7 лаборатории

- 14 кабинети

Во рамките на училиШтето има и стоматолошка амбуланта и биохемиска лабораторија која се користи и за изведување на практичната настава на учениците на квалитетно ниво и во најсовремени услови.

УчилиШтето располага со модерно опремена фискултурна сала , како и надвореШни спортски терени.

Во рамките на Училиштето работи и Ученичкиот дом за сместување и исхрана на учениците од внатрешноста на Републиката кои се школуваат во нашето училиште. Ученичкиот дом со капацитет од 102 места ги задоволува потребите за сместување , исхрана и активности од културен и воспитен план .

7.3. Наставни средства, помагала и дидактички материјал

Унапредувањето на воспитно-образовната работа согласно со тенденциите за осовременување на образовната технологија, претставува перманатна грижа на Училиштето, секако имајЌи ги предвид спецификите на секој отсек одделно. Оттаму произлегува и определбата за внесување на бројни новитети во наставата соодветни на новите технолошки погодности. За полесно совладување на наставната програма, а во рамките на расположивите материјални можности, постојано се прават напори за збогатување на наставните средства - дотраената своевремено модерна опрема се заменува со нова, посовремена.

Во мултимедијалниот кабинетот по анатомија се користат најсовремени наставни средства: компјутер, видео рекордер, телевизор, графоскоп, ЛЦД-проектор, 3 пластични скелети со крвни садови , анатомски модели на расклопување на сите внатрешни и надворешни органи и други мулажи.

Инвентарот на училиштето е збогатен и со опрема обезбедена преку материјално-техничката помош од третата фаза на Програмата Фаре : 4 микроскопи, центрифуга, машина за миење лабораториска стакларија, хематолоШки анализатор, УВ/ВИС спректрофотометар, кастомат, ортодонски инструменти, спектромат, вага за скапоцени метали. Сето ова се надоврзува на опремата од втората фаза на Програмата ФАРЕ за реформа на ССОО на Р.Македонија кога беШе набавено: ЛЦД проектор, фотокопир, видео камера, телевизор со голем екран, видео рекордер, 3 графоскопа, 2 екрани за проекција, 3 касетофони со ЦД плеер, дигитална фото камера, слајд проектор, и помош во хартија за фото копирање, фолии за графоскоп и тонер.

Минатата учебна година добиена е донација од проектот SEA-USAID i toa kompjuter, pe~atar i kamera za potrebite na karierniot centar.

Со оглед на фактот дека ова е стручно училиште, мора да се нагласи дека наставата по стручните предмети е речеси целосно опфатена со неопходните наставни средства, пред се во рамките на практичната настава.

Практичната настава на образовните профили медицинска-сестра техничар и физиотерапавтски техничар за предметот нега на болен ( основи ) во училиШтето се изведува во:

- четири кабинети за нега на болен комплетно опремени со кревети и дополнителна опрема( санитарен материјал, медицински колички, паравански платна, апарати за притисок, стетоскопи и стерилизатори за инструменти ), потребен матерјал и инструменти за изведба на различна медицинска техника, фантом кукли , глутеуси за интрамускулни инекции и фантом раце за интравенозни интервенции, разни постери и други нагледни средства.

Практичнтата настава на образовните профили забен техничар во училиШтето се изведува во:

- две лаборатории за забна техника кои се опремени со пет полир мотори, три сепаратори, две преси хидраулични, 28 микромотори, ивомат, две пескари, компресор, ротакс, две печки, порцеланска печка, сушара, фрез апарат, вакум мешалка за гипс, апарат за електролитичко полирање, паралелометар, 2 кастомати, рачна преса и графоскоп.

- СтоматолоШката ординација на училиштето која е од отворен тип и е опремена со три стоматолошки столици, рентген апарат, стерилизатори, хелио апарат и ултразвучен апарат.

Практичната настава на образовниот профил фармацевтски техничар во училиШтето се изведува во:

- училишна аптека од затворен тип со: официна, материјалка и посебна просторија за миење на прибор за работа

- галенска лабораторија со апарати за дестилација на вода, асептична комора, прецизни технички и електронски ваги и други инструменти и апарати потребни за изработка на галенски препарати

- лаборатории со дигестори, со работно место за секој ученик, посебна просторија со прецизни аналитички , електронски и дигитални ваги и специјални апаратури за гравиметриски , спектрофотометриски и други испитувања.

- кабинет за фармакогнозија и ботаника опремен со микроскопи , со импозантна збирка висококвалитетен хербариски и фитотерапевтски матерјал и колекција на трајни микроскопски препарати од сите лековити растенија кои се изучуваат.

( за потребите на практичната настава во лабораториите и аптеката, во училиШтето има магацински простор во кој се чуваат хемикалии, стаклен и друг прибор. )

- на практични бази во институции кои обавуваат фармацевтска дејност

Практичната настава на образовниот профил медицински лабораториски -техничар во училиштето се изведува во:

- лабораторија за микробиологија и паразитологија опремена со лабораториска стакларија, прибор за земање биолошки и друг матерјал , готови препарати, фрижидер , постери и други нагледни средства

- биохемиска лабораторија опремена со дигестор, центрифуга, топлотна бања, решо, колориметар, стакларски прибор и сите потребни хемикалии

- хематолошка лабораторија опремена со современи микроскопи, фантом подлактици за вежбање земање крв од вена, колориметар , реШо, стакларски и друг прибор и потребни реагенси

- помоШна просторија за подговување на потребните реагенси опремена со ваги , стакларски прибор и готови супстанци

Стоматолошката ординација на училиштето е од отворен тип и е опремена со три стоматолошки столици, чекална, картотека, рентген апарат, стерилизатор, апарат за хелио пломби и ултразвучен апарат за чистење на забен камен.

7.4. Ученички стандард

Согласно конкурсот за запишување на ученици оваа учебна година во рамките на училиштето во редовна настава Ќе бидат опфатени 2328 ученици распоредени во 65 паралелки од кои 42 на македонски настевен јазик и 23 на албански наставен јазик.

Според општиот успех учениците покажуваат солидни резултати, па оттаму произлегува и заложбата за поттикнување и стимулирање на надарените ученици кои се стекнуваат со правото да конкурираат за добивање на ученички стипендии и кредити.

Во однос на ученичкиот стандард училиштето преку класните раководители, класните заедници, советите на паралелки, како и стручната служба Ќе ги следи социјалните проблеми на учениците и по таа основа Ќе презема мерки за работа со оние ученици кои имаат тешки услови за учење.

УчилиШниот одбор донесе одлука за слободување од партиципација на оние ученици кои што се социјални случаи.

VIII .ПОДРАЧЈА НА ПРОМЕНИ- СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

Со вклучувањето на училиштето во ПМО- Проектот за модернизација на образованието во Декември 2005 година, започна процесот низ кој се презедоа низа активности за согледување на актуелната состојба, како и активности за конципирање на Планот за развој на училиштето.

Имено, првата фаза го опфати процесот на самоевалуација, каде низ седум поставени рамки ( Наставни планови и програми; Постигнувања на ученици; Учење и настава; Поддршка на учениците; Етос; Ресурси и Раководење, креирање на политика) се нагласија аспектите на квалитет -јаките страни, но и аспектите на кои мораме да работиме поинтезнивно во идниот период, а кои ги поставивме како слаби страни, а врз основа на кои се издвоија неколку приоритетни подрачја.

Поставените приоритети претставуваа основа врз која беа дефинирани четири стратешки цели, како појдовни елементи за конципирање на Планот за развој на училиштето.

Првата стратешка цел се однесува на осовременувањето на воспитно-образовниот процес, во чии рамки се нагласени развојните цели кои се однесуваат на создавање на услови за современа кабинетка настава и јакнење на професионалните и стручни капацитети на наставниот кадар. Во таа насока, во периодот кој претстои, фокусот ќе биде и понатаму насочен кон опремувањето на кабинетите со наставни средства и технички помагала и интернет врска во повеке простории во училиштето, збогатување на библиотечниот фонд со стручна и друга литература, како и обезбедување посовремени работни услови на наставниот кадар. Инаку, треба да се нагласи дека од учебната 2006/2007 година се започна со електронско водење на педагоШката евиденција и документација.

Втората стратешка цел го опфаЌа унапредувањето на комуникациајта и протокот на информации поради што во училиштето ќе се инсталира информативен дисплеј.

Функционалноста на просторот во училишниот објект и оваа учебна година согласно потребите Ќе ја подобриме со пренамената на неколку простории кои во моментот се недоволно искористени, а со добар ентериерен план можат да ги задоволат ергономските услови за: настав, простор за прием на родители, за престој на учениците, како и за работа на наставниот кадар.

Училиштето и понатаму Ќе ја продолжи соработката со Домовите за стари лица во областа на здравствените услуги од отсекот медицински сестри како и промовирање стоматолошките услуги, каде мобилни и добро опремени екипи на самото место на престојот на пациентите Ќе ја вршат репаратура и изработка на протетски помагала .

За успешна реализација на поставените активности училиштето именува тим за мониторинг и евалуација, кој редовно Ќе доставува извештај до сите релевантни субјекти.

IX. ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА

8.1. Број на ученици и паралелки

Во Училиштето се опфатени 2328 ученици распоредени во 65 паралелки. Од нив 42 се на македонски наставен јазик, а 23 на албански наставен јазик.

К лас

Број на редовни ученици

Број на паралелки

Неделен фонд

Фаре

I

624

18

29

II

616

17

31

III

521

15

33

IV

567

15

31

Вкупно

2328

62

Профил- медицинска сестра

Клас

макед наст. јаз.

нова прогр.

пар

албански наст. јаз.

нова прогр.

пар

ВК

ВК

пар

I

136

4

34

3

204

7

II

113

3

72

2

185

5

III

129

4

71

2

200

6

IV

145

4

81

2

226

6

Вк.

523

15

258

9

747

24

Профил - физиотерапевтски техничар

Клас

макед. наст.јаз.

пар

албански наст. јаз

пар

ВК

ВК

пар

I

34

1

34

1

68

2

II

72

2

38

1

110

3

Профил- забен техничар

Клас

макед наст. јаз.

нова прогр.

пар

албан наст. јаз.

нова прогр.

пар

ВК

ВК

пар

I

68

2

36

1

104

3

II

68

2

34

1

102

3

III

74

2

35

1

109

3

IV

75

2

40

1

115

3

Вк.

285

8

145

4

430

14

Профил- фармацевтски лабораториски техничар

Клас

макед наст. јаз.

нова прогр.

пар

албански наст.јаз.

нова прогр.

пар

ВК

ВК

пар

I

63

2

34

1

97

3

II

70

2

35

1

105

3

III

72

2

34

1

106

3

IV

72

2

40

1

112

3

Вк.

285

8

147

4

432

12

Профил- медицински лабораториски техничар

Клас

макед наст. јаз.

нова прогр.

пар

албан наст. јаз.

нова прогрма

пар

ВК

ВК

пар

I

68

2

34

1

102

3

II

72

2

38

1

110

3

III

72

2

36

1

108

3

IV

72

2

40

1

112

3

Вк.

283

8

114

4

397

12

8.2. Настава

Според наставниот План и Програма за здравствена струка во училиШтето ќе се организира :

1. Заолжителна настава

a) теоретска настава

b) практична настава

2. Феријална практика

3. Изборна настава

4. Дополнителна воспитно-образовна работа и додатна настава

GLOBALNA STRUKTURA NA VOSPITNO OBRAZOVNATA DEJNOST

NASTAVA

VONNASTAVNI VOSPITNO OBRAZOVNI AKTIVNOSTI

KULTURNO-OBRAZOVNA ANGA@ IRANOST NA U^ILIШTETO VO LOKALNATA SREDINA

SLEDEWE, UNAPREDUVAWE I VREDNUVAWE NA VOSPITNO OBRAZOVNATA RABOTA


1.
NASTAVA
Теоретска настава

2. Практична настава

3. Феријална практика

4. Изборна настава

5. Консултативна настава

6. Дополнителна настава

7.

VONNASTAVNI

VOSPITNO

OBRAZOVNI AKTIVNOSTI

Додатна настава

1. Тимови за слободни ученички активности

2. Смотри и натпревари

3. Заштита и унапредување на здравјето на учениците

4. Општествено-културна дејност

5. Ученички екскурзии

1.

KULTURNA OBRAZOVNA AKGA@ IRANOST NA U^ILIШTETO VO LOKALNATA SREDINA

Соработка со семејството

2. Соработка со воспитно-образовните установи

3. Соработка со општествени, кутурни, стопански и други огрганизации

4. Информирање

5. Вклучување во други културни и др. организации

SLEDEWE, UNAPREDUVAWE I VREDNUVAWE NA VOSPITNO OBRAZOVNATA RABOTA


1. Планирање на воспитно-образовната работа

2. Планирање, програмирање и подготовка на директорот

3. Планирање и подготовка на наставниот кадар

4. Планирање и програмирање на педагоШката служба

5. Следење, проверување и оценување

6. Педагошка евиденција и документација

Задолжителната настава за сите ученици од прва до четврта година се реализира според Програмските документи за воспитно-образовната дејност во средното образовие за здравствена струка.

Директорот на училиштето Д-р Марјан Алабаковски во соработка со тимот (кој го сочинуваат: помошник директор, стручни соработници, одговорни наставници за образовните профили и предметните професори што предаваат во паралелките вклучени во проектот) Ќе ја реализираат Програмата предвидена од страна на Министерството за образование , Бирото за развој на образованието и Македонската национална опсерваторија.

Во учебната 2007/2008 запишани се ученици во 65 паралелки кои работат според новата Програма: 18 паралелки во прва година (11 на македонски и 7 на албански наставен јазик), 17 паралелки во втора година (11 на македонски и 6 на албански наставен јазик) , 15 паралелки во трета година (10 на македонски и 5 на албански наставен јазик) и 15 во четврта година (10 на македонски и 5 на албански наставен јазик).

1. Теоретска настава

Теортската настава се одвива според предвидените наставни програми по општо образовните , општо стручните и стручните предмети, во согласност со реформата на средното стручно образование . Имено, преку квалитетно изработените подготовки за методските единици, Ќе бидат предвидени и искористени сите погодни моменти за подготовка на учениците за идното занимење.

Учениците од трета година кои работат по новите програми имаат можност да се определат за изборни предмети во функција на полагање на завршен испит и матура. За оние ученици кои се определуваат за изборни предмети во функција на полагање на матурски испит изготвени се програми за предметите : биологија , хемија, физика и математика.

  1. Практична настава

Унапредувањето на воспитно-образовната работа согласно тенденциите за осовременување на образовната технологија, како и следење на најновите достигнувања од медицината и најсовремената медицинска техника, претставува перманентна грижа на Училиштето, секако имајќи ги предвид спецификте на секој профил одделно.

За квалитетно одвивање на практичната настава изготвени се програми за секоја област .

Профил - медицинска сестра : практичната настава од општа и специјална нега на болен се изведува во специјално за тоа опремени кабинети во училиштето од домен на медицинска техника под водство на стручен наставник. Практичната настава за учениците од втора, трета и четврта година се изведува во здравствени болнички и вонболнички установи, како интегрален дел од наставата. Практичните бази кои најчесто се користат се: клиниките на Медицинскиот факултет.

Практичната настава за профилот забен техничар почнува од втора година во современо опремени лаборатории кои во перспектива треба да се збогатуваат со современа техничка опрема.

Во рамките на училштето успешно работи и стоматолошка амбуланта, со што вака организираната дополнителна дејност има двојна функција -изведување на практичната настава на високо квалитетно ниви, а со оглед дека е од отворен тип, давање на услуги на сите заинтересирани корисници.

Практичната настава по стручните предмети за профилот фармацевтски техничар се одвива во соодветни лаборатории и кабинети: официна, материјалка, геленска лабораторија, асептична комора и др. опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на галенски препарати. Во рамките на предметите фармацевтска технологија и фармацевтска хемија е предвидена пракса во институции кои обавуваат фармацевтска дејност. Во почеток тоа Ќе бидат градски аптеки, галенска лабораторија, болнички аптеки, ( во Воена болница и Клиничкиот центар), а понатаму и во фармацевтската индустрија.

Покрај постојаните настојувања да се осовременува наставата и да се доопремуваат лабораториите, брзиот технолоШки напредок и малите и ограничени финансиски можности , ја наметнаа потребата еден дел од практичната настава за профолот медицински лабораториски -техничар да се одвива во здравствените институции. Така од учебната 1997/98 година еден дел од практичната настава се одвива во биохемиските лаборатории на Клиничкиот центар при Медицинскиот факултет, Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет и Микробиолошката лабораторија во Републичкиот и Градскиот завод за здравствена заштита. Вака остварената тесна и добра соработка со институциите за кои се едуцира овој профил, овозможува максимален пристап до високо автоматизираната апаратна опрема, како и директен контакт со пациентите, со што се создаваат услови професионалната теорија и пракса да го следат што е можно подобро брзиот развој на науката и техниката во медицинските гранки.

3. Феријална практика

Феријалната практика претставува облик на концентрирано и интензивно реализирање на заокружени професионални работи и работни задачи во здравствени институции. Предвидена е за сите ученици по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст. За сите ученици феријалната практика е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата, што ги потпишува одговорното лице на здравствената организација, врз основа на што добиваат оценка или карактеристика.

Од учебната 2006/2007 год. започна да се применува нова форма на организирање на практична настава која ја опфаЌа и феријалната пракса. Оваа форма е во рамките на СПИН програмата (Стекнување Професионално Искуство под Надзор) иницирана од SEA proektot.

Учениците од профилот за медицински сестри техничари - феријалната практика во втора и трета година изведуваат на Интерните , Хируршките клиники, Клиника за неврологија и ГАК, а од трета година ја изведуваат во здравствените установи во Скопје или во своето место на живеење под надзор на персоналот вработен во тие установи , по завршувањето на учебната година во Јуни.

Профилот - забни техничари - има добра соработка со Стоматолошките клиники и дел од приватните стоматолошки ординации.

Профилот - фармацевтски лабораториски техничари соработува со повеќе здравствени и производствени организации низ целата Република: Алкалоид, Јака, Реплек, Клинички аптеки, аптеката при Војната болница, аптеките при други болници и поликлиники , државни и приватни аптеки и галенски лаборатории, Билната аптека, Републичкиот завод за контрола на лекови, Републичкиот завод за трансфузиологија и др.

Учениците од профилот- медицински лабораториски техничари феријалната практика ја обавуваат на биохемиските лаборатории при Клиничкиот центар, Институтот за микробиологоја и паразитологија, при Медицинскиот факултет и микробиолошката лабораторија во Градскиот завод за здравствена заштита во Скопје.

Распоредот и упатувањето на учениците до здравствените организации го врШи училиШтето по писмен пат во договор со истите.

4. Изборна настава

Овој вид настава дава големи можности за остварување на целите на реформата на средното стручно образование, со тоа што:

- овозможува проширување и продлабочување на знаењата на учениците од одредени наставни предмети ,за кои покажуваат интерес и афинитети за нивно изучување.

- овозможува проширување и продлабочување на знаењата на поинтензивен начин, при што ги насочува учениците на нивните когнитивни, конативни и др.способности , за професионално ориентирање и продолжување на понатамошното образование

- дава можности за оспособување на учениците за избраното занимање

Во основа изборната настава треба да придонесе за насочување на учениците за избор на занимања. Наставникот има голема слобода и флексибилност во конципирањето на програмските содржини во изборната настава ( се разбира во рамковните програми) кои можат да придонесат многу во професионалното определување за занимања кои одговараат на нивните можности, лични интереси и способности и реалните кадровски потреби во општествената средина.

Изборната настава е овозможена за учениците од трета година од сите образовни профили , кои имаат можност да се определат за изборни предмети во функција на полагање на завршен испит и матура.

За оние ученици кои се определуваат за изборни предмети во функција на полагање на матурски испит изготвени се програми за предметите : биологија , хемија, физика и математика.

За учениците кои се определуваат за изборни предмети во функција на полагање на завршен испит изготвени се програми за практична настава по стручните предмети , во зависност од образовниот профил.

5. Консултативна настава

За предметите по кои учениците имаат обврска да полагаат дополнителен (диференцијален) испит поради премин од еден во друг образовен профил се организира консултативна настава во договор со предметниот професор.

Овој вид настава се реализира и за учениците од заврШната година по предметот кој Ќе го полагаат како практичен дел од матурскиот испит и за учениците кои се подготвуваат за полагање на приемните испити за продолжување на школувањето.

Консултативна настава се организира и за вонредните ученици , за кои се изготвени соодветни програми.

6. Дополнителна настава

Во текот на учебната година Ќе се организира дополнителна настава за учениците кои имаат потешкотии во учењето и заостануваат по одделни предмети од разни причини (болест, подолго отсуство ). Поради тоа во текот на целиот воспитно-образовен процес ќе им бидат овозможени разновидни форми на помош во совладувањето на програмските содржини, прилагодени на нивните специфични способности и можности , низ групна и индивидуална работа, упатување во суштината на содржината, методите на успешно учење, организирано ангажирање на учениците, разни писмени материјали за самостојна работа и сл. Истотака, дополнителна настава се реализира и за подготовка на учениците упатени на поправни испити.

7.Додатна настава

За учениците кои во текот на задолжителната настава и низ другите воспитно-образовни активности покажуваат зголемен интерес за определени научни и наставни дисциплини , ќе се организира додатна настава. Додатната настава Ќе се изведува според програми што Ќе значат проширување и продлабочување на содржините по одделни предмети и подрачја, а ќе придонесат за развој на амбициозните ученици.

Ако се констатира дека во училиштето има ученици кои покажуваат изразен талент по одделни научни и наставни дисциплини, ќе се настојува да се организира ваков вид на настава во училиштето или во друго училиште, ако за тоа има услови. Досега од нашето училиште се испратени неколку ученици во Петница-Истражувачката станица.

8.3. Воннаставна воспитно-образовна дејност

Покрај наставата Ќе се реализираат и воннаставни воспитно-образовни активности праку кои Ќе се поттикнува креативноста, љубопитноста, сознајните способности, самостојност и истрајноста во извршувањето на активностите . Целта е тие активности да влијаат на создавање на навики правилно и осмислено користење на слободното време, ставање на училиштето во функција на потребите на учениците, а сето тоа за оформување на учениковата личност. Тие имаат значајно место во изборот на идното занимање, овозможуваат поттикнување и развивање на афинитетите и творечките способности , ги упатуваат во достигнувањата од науката. Овие активности Ќе се изведуваат преку следните подрачја:

· Тимови за слободни активности

· Смотри и натпревари

· Заштита и унапредување на здравјето на учениците и култура на живеење

· Општествено-културна дејност

8.3.1. Тимови за слободни активности

Во рамките на слободните активности учениците се определуваат и вклучуваат во зависност од нивните интереси, можности и способности. Подрачја за кои има посебен интерес се : Култура на здраво живеење, Природни науки, Урбана култура.

Слободните активности во училиштето се одвиваат преку работа на тимови со нивни ментори. Работата на тимовите на проектните активности Ќе се одвива по однапред изготвена програма , каде се одредени содржините за работа, време на реализација, можности за презентација и поШирока афирмација на учениците .

Определувањето и вклучувањето Ќе се врши по пат на анкети, информирање на предметните професори, како и преку активности на ученичката заедница која е организирана во тимови:

· Тим за култура

· Тим за спорт

· Тим за здравство

· Тим за екологија

· Тим за внатрешни работи

· Тим за надворешни работи

· Тим за наука

8.3.2. Смотри и натпревари

На своите настапи на смотри, квизови, ликовни колонии и натпревари и сл. Што се организираат по разни поводи и позначајни датуми од животот и работата на училиштето и на локалната средина, учениците Ќе ги презентираат своите постигања. Ученичките натпревари играат аначајна улога во развојот на личноста на ученикот. Преку нив се развива и продлабочува интересот на учениците и се воспоставува активен однос кон наставата, се продлебочуваат и збогатуваат знаењата, се развива натпреверувачки дух, зближување на учениците од различни средини. Значаен фактор за помасовно учество на учениците и постихнување на подобри резултати е начинот на подготвувањето на учениците. Најпогодна форма за подготовка се слободните активности, ангажирање преку училиШните тимови, како и додатната настава. Од наставниците се очекува да ги упатуваат при изборот на литература, да укажуваат на начините и можностите за продлабочување на знаењата и рационално искористување на литературата.

8.3.3. ЗаШтита и унапредување на здравјето на учениците и култура на живеење

Поаѓајќи од современите сфаЌања за категоријата ,, здравје,, а истовремено негувајќи го сопствениот идентитет и позитивното во традиционалното живеење, здравјето треба да се подобрува и унапредува во позитивен, динемичен, холистички и еколошки аспект преку развивање на прогресивни програми за здравствено образованиеи унапредување на здравјето. Програмата за заштита и унапредување на здравјето ги вклучува сите аспекти од животот во училиштето и неговите врски со заедницата како модел кој се базира на : интеракција на физичките, менталните, општествените и аспектите на средината; активно учество на ученикот преку најразновидните методи за развивање на вештини , вредности и ствови; развивање на позтивна слика за себе и зголемување на контролата за сопсвеното здравје, прифаќање на значењето на физичката средина во училиштето во однос на естетските и психолоШките ефекти кај учениците и вработените ; непосредно вклучување и поддрШка од родителите; активно учество на здравствената служба .

Глобално, содржините во рамките на училишната здравствена политика групирани се во три подрачја :

· Унапредување на здравјето во физичка смисла ( едукативни содржини од областа на личната хигиена, храна и исхрана, заразни болести, хумани односи меѓу половите, превентива од болести на зависност, физички вежби и рекреација - со посета на спортско-рекреативно центри, безбедност и прва помош. )

УспеШното работење на стоматолошката здравствена амбуланта се значаен услов за поцелосен опфат на учениците и пружање на квалитетна примарна стоматолоШка заШтита.

· Унапредување на менталното здравје ( трибини и работилници за развој на самодоверба, самопочитување, комуникација, разбирање на другите и нивно прифаЌање )

· Социјално здравје ( грижа за локалната средина, комуникација -ученици-родители-средина)

Операционализацијата на оваа глобална програма училиштето ќе ја подготвува во соработка со здравствената служба и лицата кои работат на одредени аспекти на унапредување на здравјето. Конкретните содржини треба да се реализираат низ содржините од: редовната настава, програмата за класниот час, активностите во рамките на Младинската организација , соработка помеѓу учениците од различни образовни профили со стручни теми, реализација на Проекти, особено од членовите на Психолошката секција: Справување со стрес, Хумани односи меѓу половите, Програмата за разбирање на конфликти, Младинските едукативни програми за превентива од заразни болести, како и за репродуктивното здравје на жената, Почитување на разликите и сл. Овие теми ќе бидат презентирани од работни групи на ученици од меШан етнички состав пред учениците од прва година, како и пред ученици од повеЌе основни училиШта со кои е воспоставена соработка за таа цел.

8.3.4.Општествено-културна дејност

Ангажирањето на училиштето во рамките на својата воспитно-образовна дејност Ќе се манифестира и преку разновидните културни активности, преку чие остварување Ќе се вклучуваат во задоволување на културно-обр. потреби на локалната средина. Во тие рамки училиштето Ќе остварува :

· Соработка со културни и образовни институции

· Соработка со други воспитно-образовни институции

· Соработка со семејството, односно родителите

УчилиШтето само или во соработка со културни институции Ќе организира прослави на празници, јубилеи, посета на историски и кутурни објекти, културни манифестации ( изложби, театарски, оперски и балетски претстави, поетски средби и сл) , одржување и негување на традицијата и обичаите од народното творештво и сл.

Оваа учебна година училиштето одбележува 60 години успешна воспитно-образовна работа при што се предвидува подготовка на пригодна програма .

8.3.5. Ученички екскурзии

Екскурзиите се составен дел на воспитно образовната работа. Според функцијата, целите и задачите, екскурзиите можат да бидат : наставни, забавно-рекреативни, од општ воаспитно-образовен карактер или комбинирани. Оваа учебна година се планира реализација на две еднодневни екскурзии, по една во секое полугодие со воспитно - образовен и спортско-рекреативен карактер. За учениците од IV година се планира повеЌедневна екскурзија. Доколку постои интерес за реализирање на екскурзијата надвор од државата, УчилиШтето Ќе постапи согласно Правилникот за реализрање на ученички екскурзии.

ПРОГРАМСКА СОДРЖИНА

ВРЕМЕ

МЕСТО

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Еднодневна есенска забавно-рекреативна екскурзија

(I-III година)

Септември -Октомври 2007

Околината на Скопје или некој од рекреативните центри

-Да овозможи рекреација на учениците

-Еколошка свест

Еднодневна пролетна забавно-рекреативна екскурзија

април -мај

2007

Околината на Скопје или некој од рекреативните центри

-Да овозможи рекреација на учениците

-Еколошка свест

Повеќедневна наставно-научна екскурзија -IV година

(два работни и еден неработен ден)

Октомври 2007

Црна Гора

Албанија

Обиколка на култур.- историски споменици

Според програмските барања и можности на училиштето во текот на наставната година може да се организираат и посети на соодветни институции, во организација на стручните активи, со цел проширување и продлабочување на знаењата, како и спортско рекреативни екскурзии во организација на Активот за спорт и спортски активности.

8.4. Развојни акциони проекти

За ефикасно и успешно вклучување во програмата и реализирање на целта на програмата , за оваа учебна година предвидени се следните активности:

· Континуирана обука во текот на учебната година на:

-Директорот на училиштето во областа на менаџментот во образованието

-професорите кои предаваат по новите наставни програми за поуспешно имплементирање на истите низ дидактични обуки за стиловите и техниките на учење, современа настава, изработување на тестови на знаење и др.; од областа на информатичка технологија; за англиски јазик; за наменско и рационално користење на новата опрема за поголема нагледност во наставата и за подготовка на сопствен училиШен матерјал

8.4.2. Во рамките на SEA проектот под USAID оваа учебна година Ќе продолжи да работи кариерниот центар, а доколку се создадат законски услови кои се однесуваат на здравствената струка, Ќе се формира реална ученичка компанија како поликлиничка дејност со биохемиска лабораторија, амбуланта по општа медицина со специјалистчко-консултативна дејност и стоматолошка абуланта со протетички оддел. Вака конципирана, реалната компанија, како практична база Ќе придонесе за подобро запознавање со професијата и воспоставување директен контакт со сите релевантни субјекти во здравтвената дејност.

8.4.3. Исто така, свој придонес Ќе има и Младинската организација поддржана од СЕА проектот - УСАИД чија мисија е подобрување на личниот систем на вредности на учениците и подготовка за активно вклучување во светот на конкуренцијата, преку практична работа, лидерство и учење. Резултатите од активностите Ќе бидат презентирани на Образовниот саем кој веЌе траадиционално се одржува под покровителство на МОН.

8.4.4. Со оглед дека во нашето училиште има мултиетничка застапеност и оваа учебна година Ќе се залагаме за унапредување на релациите меѓу учениците. За таа цел предвидени се повеЌе активности од областа на спортот (формирање на екипи од мешан состав), културата, науката (мали училишни проекти) .

Учениците од Ромската заедница се вклучени во проектот ,,Алианса за вклучување на ромите во образованието финансирано од ФИОМ-Сорос фондацијата.

8.4.5. Училишта кои го унапредуваат здравјето Учениците креатори на сопственото здравје - Град Скопје

8.5 Начин и место на реализиција

Работата во училиШтето се одвива во две смени . Наставата од прва смена започнува во 7:30 часот , а од втора во 13:30 часот. Работата во две смени е условена од зголемувањето на бројот на паралеките, а распредот на часовите е ускладен според динамиката на работата на Клиничкиот центар каде се учениците ја обавуваат практичната настава.

Паралелките на македонски и албански наставен јазик наставата по теоретските предмети ја следат во засебна смена II, III и IV со оглед на проблемите со просторните капацитети, додека часовите од практичната настава се следат во термини кои ги опфаќаат двете смени ( меѓусмена).

* Практичните вежби за профилот Медицинска сестра-техничар , за втора година се изведуваат во специјално опремени кабинети во училиШтето во групи од 12 ученици, каде се користи групна и индивидуална форма на работа, со примена на аудио визуелни средства, реални модели и средства за работа низ наставни методи базирани на предавања, демонстрации и практична активност на учениците. Практичната настава како интегрален дел на наставата во трета и четврта година се изведува во здравствени болнички и вонболнички установи (од 7:30 часот до 13:30 часот ) со законско времетраење на часот од 60 минути. Практични бази се Клиниките на Медицинскиот факултет.

Феријалната практика од општа нега на болен учениците ја изведуваат под надзор на стручни наставници на Интерните , Хируршките клиники, Клиника за неврологија, Гинеколошко-акуш.клиника, а од трета година ја изведуваат во здравствените установи во Скопје или во своето место на живеење под надзор на персоналот вработен во тие установи по заврШувањето на учебната година.

Теоретскиот дел од наставата по општо стручните предмети ја изведуваат лекари редовно вработени во училиштето, а практичниот дел го изведуваат стручни наставници -Виши медицински сестри.

* Практичните вежби за профилот Забен техничар се изведуваат во специјано опремени лаборатории во училиштето при што првенствено се користи индивидуална форма на работа, со примена на аудио визуелни средства, реални модели и средства за работа низ наставни методи базирани на предавања, демонстрации и практична активност на учениците.

По завршена втора и третта година за време налетниот одмор задолжителна е феријална практика во времетраење од 20 работни дена во здравствени

организации -стоматолошки ординации.

Теоретскиот дел од наставата по стручните предмети ја изведуваат стоматолози-редовно вработени во училиШтето, а практичната настава се изведува со стручни наставници и стоматолози-специјалисти.

* Практичните вежби за профилот Фармацевтски техничар се изведуваат во специјално опремени лаборатории ( официна, галенска лабораторија) во кои учениците работат во групи од 15 ученика , каде се користи групна и индивидуална форма на работа, со примена на аудио визуелни средства, модели, лабораториски прибор и апаратура низ наставни методи базирани на предавања, демонстрации и практична активност на учениците. Вежбите по предметите фармацевтска технологија и фарм хемија ќе се обавуваат во институции со фармацевтска дејност. По завршена втора и третта година за врме на летниот одмор задолжителна е феријална практика во времетраење од 20 работни дена во работни и здравствени организации со фармацевтска дејност.

Теоретскиот и практичниот дел од наставата по стручните предмети ја изведуваат дипломирани фармацевти редовно вработени во училиштето.

· Практичните вежби за профилот Медицински лаборант техничар се изведуваат во специјално опремени лаборатории во кои учениците работат во групи по 15 ученици, каде се користи групна и индивидуална форма на работа, со примена на аудио визуелни средства, модели, лабораториски прибор и апаратура низ наставни методи базирани на предавања, демонстрации и практична активност на учениците. Учениците од четврта година дел од практичната настава ја изведуваат во практичните бази на Клиниката за Клиничка биохемија и Институтот за микробиологија при Медицинскиот факултет , Рерпубличкиот и Градскиот завод за здравствена заштита .

По завршена втора и трета година за време на летниот одмор задолжителна е феријална практика во времетраење од 20 работни дена во здравствените организации во Републиката.

Теоретскиот и практичниот дел од наставата по стручните предмети ја изведуваат лекари редовно вработени во училиштето.

8.6. Професионално советување и ориентирање

И оваа учебна година ќе се развива системот за ученичко советување во училиштето со ангажирање на стручната служба. Во програмата за кариерен развој опфатени се подрачја од надворешно советување со маркетинг и внатрешно советување.

Целта е учениците правилно да се насочат за да се:

- определат на соодветниот профил со детално запознавање со наставните предмети

-постигне висок процент на вработување на пазарот на трудот

-дообучат или преобучат соодветно на потребите на пазарот на

трудот

-информираат за можностите за продолжување на школувањето

Годишен календар на уЧилиштето

Учебната година започна на 3 септември 2007 година , а ќе заврши на 31 август 2008 година. Редовната настава ќе трае до 10 јуни 2008, освен за учениците од завршната година кои ќе имаат редовна настава до 20 мај 2008 година.

Наставната година ја сочинуваат две полугодија - I и II полугодие.

Првото полугодие започнува на 3 септември 2007 година и завршува на 31 Декември 2007 .

Второто полугодие започнува на 21.јануари и завршува на 10 јуни 2008, освен во последната годинаод стричното образование каде полигодието завршува на 20 мај. 2008 година.

Во времето од 11 јуни до 20 јуни и од 18 август до 20 август, а за ученците од завршната година од 21 мај до 30 мај и од 18 август до 22 август во Училиштето Ќе се организирааат подготвителна настава, консултација и други форми на помош на учениците кои треба да полагаат поправни и редовни испити.

Државната матура се полага на:

- одбраната на проектната задача е од 1јуни до 23 јуни

- изборните предмети кои се оценуваат од училиШните предметни комисии од 12 јуни до 23 јуни

- македонски јазик и литература и албански јазик и литература на 23 јуни со почеток во 9 часот

- странски јазик на 25 јуни со почеток во 9 часот

- математика на 26 јуни со почеток во 9 часот

Во августовската испитна сесија се полага на:

- одбраната на проектната задача е од 15 август до 20 август

- изборните предмети кои се оценуваат од училиШните предметни комисии од 15 август до 20 август

- македонски јазик и литература и албански јазик и литература на 25 август со почеток во 11 часот

- странски јазик на 27 август со почеток во 11 часот

- математика на 27 август со почеток во 11 часо

ЗаврШниот испит се полага на:

- одбраната на проектната задача е од 1 јуни до 20 јуни

- изборнот дел од завршниот испит од 12 јуни до 19 јуни

- македонски јазик и литература и албански јазик и литература на 11 јуни со почеток во 9 часот

Во августовската испитна сесија се полага на:

- одбраната на проектната задача е од 27 август до 29 август

- изборнот дел од завршниот испит од 28 и 29 август

- македонски јазик и литература и албански јазик и литература на 27 август со почеток во 11 часот

Во текот на наставната година Ќе се остварат 180 наставни денови, а за учениците од завршната година најмалку 166 наставни денови.

На денот на Св. Кирил и Методиј-24 Мај и денот на училиштето 7 Април не се изведува настава и во тие денови се организираат културни, спортски и други манифестации

Традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик се одбележува со организиарње на културни и други манифестации.

Деновите кога Ќе се изведуваат ученичките екскурзии , 21 март-Денот на еколошката акција на младите во Република Македонија и денот на полнолетството се наставни денови кога се изведуваат посебни програми..

Наставната година ја сочинуваат две полугодија , прво и второ и во секое од нив Ќе се одржат по два класни и наставнички совети за анализа и мерки за подобрување на резултатите на учениците

Практичната настава на учениците се вклопува во редовниот распоред на часовите, а феријалната практика Ќе се изведува после 10 јуни за време на летниот одмор на учениците.

Во тек на наставната година Ќе се реализираат една есенска и една пролетна еднодневна екскурзија.

Зимскиот одмор за учениците Ќе се користи од 31 декември и трае заклучно со 18 јануари 2008 г.

На летен одмор учениците Ќе бидат од 11 јуни до 31 август 2008 год.

Во Училиштето Ќе бидат организирани по две родителски средби во секое полугодие , кои Ќе се одржат веднаЌ по секој одржан класен совет.

Родителите можат да се информираат за успехот на учениците секој понеделник, а по потреба и итност и во други денови, со определување на приемен ден на класните раководители и предметните професори.

Систематските прегледи и вакцинации на учениците Ќе се реализираат согласно распоредот за спроведување на истите.

8.8.Правила на работење и однесување во училиШтето

Во прилог на програмата ќе се презентираат : Кодексот на однесување на наставниците, Куќен ред, Причини за изрекување на педагошки мерки и Начин - постапка за изрекување на педагошки мерки.

9. УЧИЛИшЕН СИСТЕМ НА СЛЕДЕЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ

9.1. Следење и вреднување на постигањата на учениците

Следењето и вреднувањето на постигањата на учениците се остварува според Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување, полагање на испити и напредување на учениците во средното образование (,,Сл.весник на РМ,, бр.39/02) . Според Одредбите на Правилникот знаењата и вештините на учениците по одделни предмети се оценуваат во согласност со целите и задачите утврдени со наставната програма. Современата концепција суштината на оценувањето ја согледува во контекст на евалуацијата на целокупниот воспитно-образовен процес: нивото на усвоеност на содржините, нивото на сткнати вештини и примена на знаењата, нивото на равиеност на мисловните процеси, и формирањето на општи ставови.

ЗапочнувајЌи од учебната 2006/07 година и оваа година Ќе се продолжат да се спроведуваат интерни тестови изготвени од сите наставници на стручните активи по предметите хемија и биологија. Тестовите Ќе се спроведуваат секој класификационен период од страна на стручната служба и директорот, со шифрирани податоци за ученикот, со цел да се постигне објективно оценување, а воедно и да се подготват учениците за претстојанта Државна матура. ПраШањата од тестовите Ќе бидат објевени на веб страната www.medpk.edu.mk.

Во функција на јакнење на когнитивната, психомоторната и афективната компонента, учениците од четврта година, од оваа учебна година Ќе изготвуваат проектни задачи согласно стандардите за Државната матура.

Со оглед на фактот дека наШето училиШте е стручно, застапени се и предмети со практична настава, следењето се врШи и преку практично проверување низ одредени манипулативни барања од учениците, како и вреднување на работата од страна на потенцијалните работодавачи ( установи каде се изведува практичната работа) преку СПИН програмата во која се вклучивме учебната 2006/07 година

БидејЌи во наставниот процес рамноправни учесници се и наставникот и ученикот, се поприсутен е пристапот на активно вклучување на учениците во процсесот на самовреднувањето т.е. самооценувањето. Во училиштето вреднувањето на напредувањето на учениците се следи како од наставниците (изразено во евидентираните оцени во дневниците за работа на паралелките, така и од страна на стручната служба и директорот. Учебната година е поделена на четири класификациони периоди, каде се врши разгледување и анализирање на успехот, редовноста и поведението на учениците, се собираат податоци за следење на континуираноста на оценувањето, дидактичката разновидност на формите, методите и средствата за оценување и степенот на разработеноста на критериумите за оценување и се предлагаат мерки за развој и унапредување на наставниот процес во функција на подобрување на успехот.

9.2. Вреднување на работата на наставникот

Програмата што се дава за стручни работи на училиштето во рамките на ова подрачје од глобалната програмска структура на дејноста што ја остварува, претставува широка програмска рамка од која можат да се конкретизираат бројни задачи како работно обврски на одделни субјекти во поглед на следењето, унаптредувањето и вреднувањето на воспитно-образовната работа во целина и на одделни структрални елементи. Програмска и законска обврска на училиштето е перманентно и методолошки осмислено да ја следи сопствената работа, истата стручно да ја анализира и да остварува стручни активности што ќе значат иновирање на дејноста. Унапредувањето на методиката на наставната работа опфаќа постојано настојување за поквалитетно глобално, тематско и дневно планирање и подготовка за настава; примена на посовремени методи, постапки и наставни средства, поголемо активирање на учениците, усовршување на дидактичката апаратура за водење на анставниот процес и сл.

Вреднувањето на работата на наставникот се врши од страна на субјекти од училиштето Дитректор и стручни соработници кои во рамкита на своите Програми за работа имаат зацртано активности од педагошко-инструктивен карактер , а тие се однесуваат на :

- следење на организацијата и реализацијата на воспитно образовната и воннаставната работа во училиштето

- перманентно стручно, педагшко и психолошко усовршување на наставниот, воспитниот и друг стручен кадар во училиштето

- увид во годишните и тематските планирања на наставните и воннаставните активности

- остварување на разговори, консултации, давање помош на наставниците

- увид, контрола и следење на остварување на стручните, материјално техничките и дидактичко-методските подготовки за реализација на наставата

- посета и водење евиденција за посетени часови

- следење на ангажираноста на наствникот во работата на стручните ограни во училиштето и поширико

- соработка со родителите и др.

9.3. Вреднување на Годишната програма за работа

Реализацијата на училишната програма ќе се следи и вреднува од страна на соодветен сектор од Бирото за развој на образованието на РМакедонија, како и од стручната служба во училиштето и директорот кои во рамките на своите програми за работа ги имаат зацртано тие активности низ следните продрачја:

- Аналитичко-стручна работа (изготвување извешатаи за успехот полугодишен и годишен, за извршени педагошки увиди, за опременост на училишето, изготвување осврти за квалитетот на подготовките, за водењето на педагошката евиденција и сл.)

- Работа со стручни органи во училиштето

- Резултати од реализација на Проектот за реформа на ССОО

10 УСОВРШУВАЊЕ НА НАСТАВНИОТ КАДАР ВО ТЕКОТ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Во опстварување на приоритетните задачи на Програмата секако важно место зазема наставникот, односно неговата стручна оспособеност.

Наставникот за да одговори на поставените барања, во прифаЌањето на промените и вколопувањето во новите проекти, треба да се дообразува и стручно усовршува. Затоа во училиштето и надвор од него Ќе се настојува наставниците да се вклопуваат во обука и стручно усовршување преку разни семинари во рамките на училиштето организирани од стручната служба, советувања, меѓусебни консултации и посети со колеги од други училишта, преку стручни активи на кои Ќе се разработуваат најразлични стручни парашања и проблеми актуелни за новите проекти. Преку Проектот за модернизација на образованието добиен е Грант од Светската банка од кој 30% се предвидени за стручно усоврШување на наставиот кадар.

Во рамките на Проектот за модернизација на образованието во текот на учебната 2006/2007 год. се изведе семинар (во просториите на училитето) на кој учествуваа 32 професора при то истите успешно ја завршија обуката за ,,Дијагностичко формативно и сумативно оценување,, на учениковите знаења.

11 СТРУЧНА СЛУЖБА

Стручната служба е само една од компонентите на училилишниот живот и работа. Носители на дидиактичко-методолошката основа на оваа служба се училиШниот педагог и психолог, а нивната задача е сложена и обемна, но и неделлива од останатите функции во училиштето, така што односот кон останатите субјекти претставува темел за било каква активност на службата. Таа во својата работа е тесно поврзана со животот и работата на учениците, работата на наставниците, при што соработува со директорот на училиштето, родителите, како и со разни институции кои имаат непосреден контакт со училиштето, а се со цел да се унапреди воспитно-образовната работа.

11. СОРАБОТКА НА УЧИЛИШТЕТО

13.1. Соработка на училиштето со семејството

Соработка на училиштето со семејството е многу комплксно подрачје. Тоа може да се реализира преку следните форми и активности:

- Индивидуални контакти ( посета на родителот во училиштето во приемен ден, а по потреба и почесто; телефонски разговори, дописи);

- Родителски средби (на ниво на училиште, година, паралелка, за одерени зеднички парашања и проблеми) задолжително по секој класофикационен период, а по потреба и почесто;

- Вклучување на родителите во сите структурни подрачја од внатрешната организација на воспитно-образовната дејност (Родителите, зависно од нивната професија или тесна специјалност можат да придонесат со свои мислења и сугестии во следењето, вреднувањето, унапредувањето и планирањето на образовно-воспитната дејност во училиштето);

- Настава (дидактички материјали, помош во реализација на некои наставни активности - пр. едукативни работилници, екскурзии);

- Воннаставни активности (како консултанти и директни реализатори во слободните ученички активности, донатори на активности);

- Општо и педагошко образивание и усовршување на родителите со организирање на курсеви, семинари, трибини...;

- Организација на разни активности и акции во училиштето (работни и солидарни акции , свечености, изложби, издавање училишен весник и сл);

- Просторија за родители во која родителите Ќе можат да контактираат меЃу себе , а и со наставниците да разговараат за прашања од заеднички интерес, да читаат педагошка литература и списанија;

- Учество на родителите во останатите видови работа на училиштето регулирани со Законот за средно образование и Статутот на Училиштето (Училишен одбор, Совет на родители);

13.2. Соработка со социјални партнери и установи од струките застапени во училиштето

Со интенцијата за проширување на практичните бази и остварување на тесен контакт со институциите како социјален партнер, се едуцираат кадри кои Ќе бидат способни да се снајдат во современиот свет полн со информации и технички новини, подготвени веднаш и флексибилно да се вклучат во работа по завршеното образование.

Досега соработката со здравствените организации кои служат како наставни бази за обавување на практичниот дел од наставата и феријалната пракса не беШе институционализирана ( т.е. не се базираше на заеднички потпиШан договор во кој Ќе се прецизираат правата и обврските на училиштето и здравствената организација) . Тенденција е оваа соработка да се реализира по однапред утврден и правно регулиран договор. Во тој контекст се планира ефектуирање на работата на биохемиската лабораторија.

Оваа учебна година во рамките на Програмата СПИН ( стекнување на работно искуство попд надзор) под СЕА Ќе продолжи со кариерниот центар со одговорните лица од училиШтето . Тоа Ќе има задача да воспостави, да ги продлабочи и подобри контактите со социјалните партнери со цел учениците правилно да се насочат за да се постигне висок процент на вработување, како и да се согледаат потребите на пазарот на трудот за обука и дообука .

13.3. Соработка со други училиШта, стручни институции, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието

Оваа учебна година се планира соработка со други училишта :

- пред се од здравствена струка , низ размена на искуства преку средби на наставници и ученици, а во перспектива и изработка на заеднички мали Школски проекти;

- соработка со училиштата вклучени во Програмата за реформа на ССО на сите нивоа ( директори, стручни соработници, наставници, ученици )

- продлабочување на контактите помеѓу стручните служби за парашања од својата програма за работа, а посебно од подрачјето на студиско-аналитичката и истражувачката работа и активности на стручно усовршување . Во својата работа стручната служба е поврзана со повеќе институции: Филозофски факултет-Институти за педагогија и психологија, Бирото за развој на образованието на Р.Македонија, секција на училишни педагози, Завод за ментално здравје , Завод за грижи и социјална заштита, , со цел тимски, стручен и интердисциплонарен приод кон разрешувањето на проблемите.

13.4. МеЃународна соработка

Воспоставена е соработка со Училишниот центар за забна техника од Сплит (Хрватска) со што ученици од нашето училиште ќе имаат можност да ги надградат своите стручни знаења од доменот на современата дентална технологија.

Минатите учебни години нашето училиште воспопстави соработка со училишта и институции од други држави и со меѓународни стручни и производни организации и асоцијации. Во рамките на Програмата ФАРЕ воспоставени се контакти со партнер училишта од здравствена струка од Холандија и Бугарија, со цел да се разменат искуства , наставници и ученици.

Во иднина постои можност за соработка со Кралскиот колеџ за акушерки на Англија

12 СЛОБОДА НА УЧИЛИШТЕТО

Училиштето како носител на воспитно-образовната дејност врз основа на на искуството од изготвувањето на училишните програми и степенот на реализирање на истите, имаше слобода на одредено ниво ( определено со стандардот за училишен курикулум) во креирање на програмските документи за работа со кои се организира вкупната дејност во училиштето. Тоа посебно се однесува на планирањето на наставата, на организацијата на работата на училиштето, на задоволувањето на потребите и интересите на учениците во наставата и воннаставните активности.

12. УПРАВНИ И СТРУЧНИ ОРГАНИ И ТЕЛА

- Училишен одбор

- Директор

- Помошник директор

- Раководители на смени

- Раководители на отсеци

- Стручна служба

- Наставнички совет

- Совет на година

- Стручни активи

Надлежностите на горенаведените управни и стручни органи и тела (освен 12.1.2. и 12.1.3 ) се определени со одредбите на Статутот на училиштето.

Оперативните планови се во прилог на овој документ.

13. ИЗВОРИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА УЧИЛИШТЕТО

Училиштето е корисник на средства од Буџетот на Република Македонија, а се финасира и од сопствени средства - од вонредни ученици и партиципација, како и закупнина и донации .

Позиции за користење на финансиските средства се :

1. режиски трошоци

2. плати и наемнини

3. капитални инвестиции

14. НОСИТЕЛИ И ВРЕМЕ НА ИЗРАБОТКА НА УЧИЛИШНИОТ КУРИКУЛУМ

Институција : СМУ на град Скопје,,Д-р Панче Караѓозов,,

Одговорно лице : директор Д-р Алабаковски Маријан

Носители на изработката : .директор Д-р Алабаковски Маријан

педагог Валентина Костова Дамчевска

психолог Јовица ОстојиЌ

Време на изработка : август-септември 2007

15. ОРГАНИ КОИ ЈА ОДОБРУВААТ И ДОНЕСУВААТ ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

Наставнички совет

Училишен одбор

ДОКУМЕНТАЦИОНЕН АНЕКС

Составен дел на Годишната програма за работа на Училиштето се ;

· Програма за работа на Наставничкиот совет

· Програма за работа на Директорот на училиштето

· Програма за работа на психологот на училиштето

· Програма за работа на педагогот на училиштето

· Наставни планови за образовните профили од здравствена струка

· Програма за работа на стручните активи

Назад

ВЕСТИ <<<<<<<<<<
ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА
ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА ВО ЈУНСКИ ИСПИТЕН РОК 2014
 
Примени денови на наставници
Примени денови на наставници
 
Прашања за екстерно тестирање
Линк до страната со прашања за екстерно тестирање
 
ноемвриска испитна сесија
ноемвриска испитна сесија
 

АНКЕТИ <<<<<<<<<
Дали ви се допаѓа новиот дизајн?
да
не

(c) Copyrights 2007